Еспирито Санто: Многу е важно да се вратиме на победничкиот пат
- Фудбалерите на Нотингем Форест мора да се фокусираат и да дадат сè од себе во последните четири натпревари од англиското првенство, изјави менаџерот Нуно Еспирито Санто пред натпреварот со Кристал Палас во понеделник. Двократните европски шампиони се израмнети со петтопласираниот Челси, но заостануваат по гол-разлика. Тие се исто така еден бод зад Манчестер Сити и два зад третопласираниот Њукасл
Нотингем, 2 мај 2025 (МИА) - Фудбалерите на Нотингем Форест мора да се фокусираат и да дадат сè од себе во последните четири натпревари од англиското првенство, изјави менаџерот Нуно Еспирито Санто пред натпреварот со Кристал Палас во понеделник.
Двократните европски шампиони се израмнети со петтопласираниот Челси, но заостануваат по гол-разлика. Тие се исто така еден бод зад Манчестер Сити и два зад третопласираниот Њукасл.
-Многу е важно да се вратиме на победничкиот пат. Во трка сме за Лигата на шампионите затоа што заслужуваме да бидеме на ова место. Мора да дадеме сè од себе, нема друг начин. Треба да се вратиме во нашата позната форма, повторно да доминираме дури и кога ја немаме топката. Не ни требаат промени, треба да се вратиме на нашата подобра верзија од себе. Во соблекувалната многу зборуваме за начинот на кој играме. Мораме повторно да бидеме компактни и да не им дозволиме на противниците да создаваат толку многу шанси. Тоа е нашиот стил. Нашата цел е другите тимови да дадат апсолутно сè што можат за да постигнат нешто. Не сакаме да им биде лесно. Во моментов ни е малку потешко во некои аспекти од играта, но сме фокусирани и амбициозни да ги решиме проблемите, рече менаџерот на Форест по поразот од 2-0 од Брентфорд во четвртокот.
Форест е на шестото место на табелата во Премиер лигата, а оваа година Англија ќе квалификува најмалку пет тима за Лигата на шампионите. дс
Фото: Архива