• сабота, 21 декември 2024

ЕСМ прави анализи за набавка на централа за производство на струја на дизел

ЕСМ прави анализи за набавка на централа за производство на струја на дизел
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Иницијативата за набавка на централа која од дизел ќе произведува електрична енергија е во насока да се зголеми домашното производство на струја, изјави денеска советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, одговарајќи на новинарско прашање. Оваа одлука за набавка на централа која од дизел ќе произведува електрична енергија беше донесена на една од последните седници на Владата. Андонов напомена дека во изминатиов период пристигнуваат најразлични понуди во насока на зголемување на производството на електрична енергија, пред се на домашната. - Имајќи предвид дека сме силно зависни од увоз на електрична енергија и токму оваа иницијатива е во насока да се зголеми домашното производство преку инсталирање на такви постројки, кои можат да се инсталираат многу брзо и да го зголемат домашното производство, додаде Андонов. Во однос на конкретниот заклучок, како што потенцираше Андонов, ЕСМ е задолжена да ги направи сите потребни економски и технички анализи и да презентира пред Владата кои се опциите за набавката на конкретната електрана која би работела на дизел. Андонов напомена дека веднаш по изработка на сите потребни податоци, јавноста на најтранспарентен начин ќе биде информирана за деталите. бт/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан