• недела, 22 декември 2024

ЕСЕ: Итно усвојување на мерката за бесплатна здравствена заштита за сите бремени жени без разлика на статусот на здравствено осигурување

ЕСЕ: Итно усвојување на мерката за бесплатна здравствена заштита за сите бремени жени без разлика на статусот на здравствено осигурување
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ бара од Министерството за здравство веднаш да ја усвои мерка и буџет за обезбедување бесплатна здравствена заштита за време на бременоста и при породувањето за сите жени без разлика на статусот на здравствено осигурување. -Здравствената заштита за време на бременоста е од исклучително значење за здравјето на мајката и детето и мора да се спроведе во точно назначени временски периоди. Од таа причина бараме од Министерството за здравство веднаш да усвои мерка и буџет за да обезбеди бесплатна здравствена заштита за време на бременоста и при породувањето за сите жени без разлика на статусот на здравствено осигурување, велат од ЕСЕ. Несоодветна здравствена заштита за време на бременоста и при породувањето, од Здружението велат дека може да резултира со нарушено здравје, па дури и смртен исход за мајките и новороденчињата. -Министерството за здравство во февруари 2022 година го укина буџетот за „Бесплатни прегледи и лабораториски прегледи во тек на бременост, поврзани со бременост, бесплатно породување за бремени жени, кои се надвор од систем на задолжително здравствено осигурување“, од Програмата за активна здравствена заштита за мајките и децата, образложувајќи дека согласно законот сите граѓани имаат право на здравствено осигурување, додаваат од ЕСЕ. ки/ац/

Остани поврзан