• понеделник, 23 декември 2024

Еруптираше вулканот Улавун на Папуа Нова Гвинеја

Еруптираше вулканот Улавун на Папуа Нова Гвинеја
Порт Моресби, 2 јуни 2022 (МИА) - Вулканот Улавун во Папуа Нова Гвинеја утрово еруптираше и околу 15 минути исфрлаше пепел во висина до 3.000 метри. Засега нема информации за евентуални жртви. Улавун е еден од најопасните вулкани во светот и се наоѓа на листата од 16 „вулкани на деценијата“, што претставуваат значителен ризик од големи и силни ерупции. Вулкан Улавун се наоѓа во оддалечениот синџир на архипелагот Бизмарк во северниот дел на Папуа Нова Гвинеја. Серијата ерупции на Улавун во 2019 година принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови. ми/

Остани поврзан