• недела, 22 декември 2024

Ерменскиот премиер побарал оставки од голем број владини функционери

Ерменскиот премиер побарал оставки од голем број владини функционери

Ереван, 18 ноември 2024 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека побарал голем број високи владини функционери да поднесат оставка.

„Причините за таквото барање не се лични, туку системски и за тоа веќе зборував јавно“, напиша Пашинјан на Фејсбук, пренесен од британските меидуми.

Повикувајќи се на изјавата на портпаролот на министерот Газаријан, руските медиуми денеска јавија дека ерменскиот министер за внатрешни работи Вахе Газаријан поднел оставка.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан