• понеделник, 23 декември 2024

Ерменија го отповика својот амбасадор во Израел (ДПЛ)

Ерменија го отповика својот амбасадор во Израел (ДПЛ)
Ереван, 1 октомври 2020 (МИА) - Ерменското Министерство за надворешни работи го отповика својот амбасадор во Израел поради консултации за наводната израелска продажба на оружје на Азербејџан. - Израелскиот начин на работа е неприфатлив. Министерството мора да го отповика својот амбасадор во Израел, изјави портпаролката на ерменското Министерство за надворешни работи. Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Израел од 2006 до 2019 година извезол оружје во Азербејџан во вредност од околу 825 милиони долари. Азербејџан купил израелски дронови, митралези, противтенковски ракети и ракетни системи земја-воздух. Петти ден продолжува судирот помеѓу Ерменија и Азербејџан. Судирот почна на 27септември, кога азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменската армија гранитирала цЕрели на линијата на разграничување во Нагорно-Карабах. ми/

Остани поврзан