• петок, 22 ноември 2024

Ереван: Пашињан презентира план за враќање на стабилноста

Ереван: Пашињан презентира план за враќање на стабилноста
Ереван, 18 ноември 2020 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашињан му презентираше денеска на народот план со 15 точки, истакнувајќи дека „тој гарантира демократска стабилност“, со цел да се смират немирите во Ерменија до кои дошло по потпишувањето на мировниот договор со Азербејџан околу Нагорно-Карабах. Неколку илјади луѓе протестираа во Ереван барајќи оставка од Пашињан, кој го одби тоа. Меѓутоа, двајца министри поднесоа оставки оваа недела, а претседателот Армен Саркисјан побара вонредни избори. - Јас одговарам да ја надминеме ситуацијата и да гарантирам стабилност и безбедност во државата, објави Пашињан на Фејсбук, каде го презентираше планот за демократска стабилност на Ерменија. Неговиот план подразбира продолжување на преговарачкиот процес за Нагорно-Карабах под покровителство на групата Минск, а вклучува и враќање на ерменското население, кое заминува од своите домови поради судирите. Исто така, план е и да се обнови уништената инфраструктура која ќе остане под ингеренција на ерменската страна во Нагорно-Карабах, но и да им се помогне на повредените војници и семејствата на жртвите во конфликтот. гт/

Остани поврзан