• недела, 22 декември 2024

Ердоган: Ќе го мобилизираме целиот свет против Израел за да престане теророт

Ердоган: Ќе го мобилизираме целиот свет против Израел за да престане теророт
Анкара, 10 мај 2021 (МИА) - Турција ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој во телефонските разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханиех, повтори дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и дека ќе застане покрај нив, соопшти кабинетот на Ердоган. За време на телефонските разговори со палестинските власти, Ердоган остро ги осуди израелските напади врз Палестинците и комплексот џамии Ал-Акса во Ерусалим, предупредувајќи дека станува збор за тероризам, пренесе агенцијата Анадолија. Ги осудив овие подмолни напади што ја навредуваат совеста, не само на муслиманите, туку и на целото човештво. Нагласив дека ќе сториме сè за да го мобилизираме целиот свет, особено исламскиот, за да престане теророт и окупацијата", напиша Ердоган на Телеграм по разговорите, објави „Дејли Сабах“. паг/

Остани поврзан