Ердоган: Чавушоглу оваа недела ќе ги посети Русија и Украина
- Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе отпатува за Русија и Украина оваа недела додека Анкара ги олеснува разговорите за прекин на огнот меѓу двете завојувани страни, изја
Анкара, 15 март 2022 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе отпатува за Русија и Украина оваа недела додека Анкара ги олеснува разговорите за прекин на огнот меѓу двете завојувани страни, изјави денска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Денеска (вторник) го испраќаме нашиот министер за надворешни работи во Русија. Тој утре ќе разговара во Москва. Во Украина ќе замине следниот ден“, изјави Ердоган по состанокот на владата. паг/