• недела, 22 декември 2024

Ердоган: Турција е против секаков вид државен удар, ерменскиот народ го има последниот збор

Ердоган: Турција е против секаков вид државен удар, ерменскиот народ го има последниот збор
Истанбул, 26 февруари 2021 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција се спротивставува на секакви обиди за државен удар во врска со обидот за промена на власта во Ерменија и соборување на премиерот Никола Пашинјан, објави Сабах. - Ние сме против секаков вид државен удар. Ние едноставно не можеме да прифатиме обиди за државен удар, рече Ердоган на кратката прес-конференција по молитвата денеска во Истанбул. Тој истакна дека обидот на ерменската војска е „неприфатлив“, додавајќи дека ерменскиот народ мора да го каже последниот збор доколку се замени сегашната администрација. - Тие мора да ја остават оваа одлука на волјата на ерменскиот народ, додаде Ердоган. Ерменската војска вчера побара оставка од премиерот Никола Пашинјан, а еден ден претходно, ерменскиот претседател Армен Саркисјан, на предлог на Пашинјан, го смени првиот заменик началник на Генералштабот, Тирана Хачатријан. Генералштабот на вооружените сили на Ерменија смета дека смената на првиот заменик началник на Генералштабот не се заснова на националните и државните интереси на Ерменија, туку на личните ставови. Пашинјан го нарече барањето на армијата обид за пуч и ги повика своите приврзаници да дојдат на Плоштадот на Републиката во Ереван. паг/    

Остани поврзан