• сабота, 21 декември 2024

Ердоган: Сирија мора да го пронајде мирот за кој сонува

Ердоган: Сирија мора да го пронајде мирот за кој сонува

Анкара, 7 декември 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Сирија треба да го постигне мирот кој го посакува веќе 13 години, додека бунтовниците продолжуваат да го напаѓаат режимот на Башар ал Асад.

Тој истакна дека „сега има нова реалност во Сирија“ по молскавичното напредување на бунтовничките сили.

Говорејќи во Газиантеп, град на помалку од 100 километри од сириската граница, Ердоган рече: Нашата желба е нашиот сосед Сирија да ги постигне мирот и спокојството по кои копнее веќе 13 години. Сакаме да видиме Сирија во која различни луѓе живеат рамо до рамо во мир. Се надеваме дека ќе видиме таква Сирија во многу блиска иднина.

Ердоган потенцира дека Сирија е изморена од војна, крв и солзи и повика на зачувување на територијалниот интегритет на земјата.

Во исто време, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров заедно со своите колеги од Турција и Иран апелираше за итен прекин на борбите.

Анкара, која ги поддржува сириските опозициски сили, посебно е загрижена поради присуството на курдските сили на северот на Сирија, кои ги смета за терористичка закана. ссм/

фото: архива

Остани поврзан