• недела, 22 декември 2024

Ердоган разговараше со Зеленски, повторно му понуди да посредува меѓу Москва и Киев

Ердоган разговараше со Зеленски, повторно му понуди да посредува меѓу Москва и Киев

Анкара, 20 јануари 2023 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, повторно се понудил како посредник во преговорите меѓу Москва и Киев, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

„Ердоган му изрази сочувство на Зеленски за жртвите од хеликоптерската несреќа на 18 јануари“, се додава во соопштението.

Во несреќата кај Киев загинаа 14 лица, а меѓу нив беше и министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски. паг/

Остани поврзан