• недела, 22 декември 2024

Ердоган предлага лидерска средба за мир во Сирија

Ердоган предлага лидерска средба за мир во Сирија

Анкара, 5 јануари 2023 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека тој и рускиот и сирискиот лидер би можеле да разговараат за мир и стабилност во Сирија.

– Во зависност од развојот на настаните, би можеле да се сретнеме. Значи, нашата цел е да воспоставиме мир и стабилност во регионот, истакна Ердоган.

Министрите за одбрана на Турција, на Русија и на Сирија на 28 декември во Москва разговараа за борбата против терористите во Сирија и се договорија повторно да се сретнат за да разговараат за воспоставување стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека вториот состанок би можел да биде во средината на јануари. ми/

Остани поврзан