• вторник, 17 декември 2024

Ердоган: Израелците мислеа дека нема да одговориме, беа сериозно изненадени

Ердоган: Израелците мислеа дека нема да одговориме, беа сериозно изненадени

Анкара, 11 јануари 2024 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека притворањето на десетици лица осомничени за шпионирање за Израел е само „првиот чекор“ и „јасен одговор на оние кои и се закануваат“ на Турција.

Говорејќи на прославата на 97-годишнината од Националната разузнавачка агенција на Турција (МИТ), Ердоган рече дека притворите зад кои стојат МИТ и турската полиција „сериозно го изненадија Израел“.

- Нашата разузнавачка организација, која ја откри израелската шпионска мрежа во нашата земја, даде многу јасен одговор на оние кои ни се закануваат. Се разбира, тоа сериозно го изненади Израел, истакна турскиот претседател.

Судот во Истанбул нареди 15 лица приведени под сомнение за шпионажа да останат во затвор, додека останатите 19 лица на слобода ќе го чекаат судењето, соопшти минатиот петок турскиот министер за правда. Осомничените беа уапсени минатиот вторник за наводно планирање активности кои вклучуваат „извидување“ и „прогон, напад и киднапирање“ на странски државјани кои живеат во Турција. јт/

Остани поврзан