• сабота, 23 ноември 2024

Ердоган: Заканите нема да не одвратат од потрагата за ресурси

Ердоган: Заканите нема да не одвратат од потрагата за ресурси
Анкара, 19 август 2020 (МИА) - Никакви закани не можат да ја одвратат Турција од намерата во источен Медитеран да трага по наоѓалиштата на природни ресурси, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој додаде дека Анкара очекува актерите во регионот да преземат чекори за смирување на тензиите. - Турција е одлучна до крај да бара исполнување на своите права во источен Медитеран и никаква колонијалистичка сила или закана не може да не одврати од трагањето за изворите на нафта и природен гас, за кои оценуваме дека постојат во регионот, истакна Ердоган. Тој додаде дека Турција сака спорот да биде решен со дијалог и по дипломатски пат. Два турски истражувачки брода се наоѓаат во водите на источен Медитеран, на кои, освен Турција и Грција и Кипар тврдат дека имаат право. ми/

Остани поврзан