• понеделник, 23 декември 2024

Ердоган: Единствено решение за Кипар е формулата за две држави

Ердоган: Единствено решение за Кипар е формулата за две држави
Анкара, 10 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека единствено решение за повеќедеценискиот спор за Кипар е воспоставување на две држави на островот. Тој додаде дека федерализацијата за која се залага Атина нема да биде тема на престојните разговори со посредство на Обединети нации. Лидерите на Грција и на Кипар во понеделникот изјавија дека ќе прифатат мировен договор за Кипар врз основа на резолуција на Обединети нации и ја отфрлија формулата за две држави на која инсистираат Турција и кипарските Турци. Преговорите под покровителство на ОН се планирани во март. ми/

Остани поврзан