• вторник, 19 ноември 2024

Ердоган го предупреди Бајден за регионалните и светските последици од конфликтот меѓу Израел и Хамас

Ердоган го предупреди Бајден за регионалните и светските последици од конфликтот меѓу Израел и Хамас

Истанбул, 14 декември 2023 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го предупреди својот американски колега Џо Бајден за „негативните регионални и светски последици“ од конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

Тоа беше прв разговор меѓу двајцата лидери од 7 октомври и почетокот на израелските напади во Појасот Газа, кои следеа по нападот на Хамас на израелска територија.

„Претседателот Ердоган рече дека зајакнувањето и продолжувањето на израелските напади може да има негативни регионални и светски последици“, соопшти турското претседателство по нивниот телефонски разговор.

Ердоган рече дека повлекувањето на безусловната американска поддршка за Израел може да гарантира побрз прекин на огнот, се вели во соопштението.

Турскиот претседател додаде дека САД имаат „историска одговорност да обезбедат траен мир во регионот што е можно поскоро“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан