• четврток, 21 ноември 2024

ЕП започнува проверка за судир на интереси на еврокомесарите

ЕП започнува проверка за судир на интереси на еврокомесарите

Брисел, 3 октомври 2024 (МИА) - Европскиот парламент соопшти дека започнува проверката за судир на интереси на предложените нови еврокомесари. Проверувањето ќе го изврши парламентарната комисија за правни прашања и се очекува да заврши до 18 октомври.

ЕП посочува дека проверките се спроведуваат на затворени состаноци, а резултатите ќе бидат објавени по завршувањето на проверката за сите кандидати. Изјавите на кандидатите за нивните интереси ќе бидат објавени по крајот на проверката и пред почетокот на сослушувањата во парламентарните комисии. Кандидатите треба да наведат дали се наоѓаат во судир на интереси во однос на идните задолженија во Европската комисија.

ЕП вчера најави дека сослушувањата на кандидатите ќе се одржат од 4 до 12 ноември. ссм/

фото: архива

Остани поврзан