• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕП го одби предлогот на Патриоти за Европа да се разговара за нападот на Трамп

ЕП го одби предлогот на Патриоти за Европа да се разговара за нападот на Трамп

Стразбур, 17 јули 2024 (МИА) - Европскиот парламент денеска го отфрли предлогот на крајната десница да се разговара за нападот на американскиот претседател Доналд Трамп и за растечкото политичко насилство.

Групата Патриоти за Европа (ПфЕ) побара дебата за нападот врз Трамп и повика на усвојување резолуција со која ќе се осуди насилството, објави Политико.

Предлогот беше отфрлен со 337 гласа против, 119 за и 15 воздржани. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан