• петок, 08 ноември 2024

ЕППО бара повеќе пари за својата работа

ЕППО бара повеќе пари за својата работа

Луксембург, 27 февруари 2024 (МИА) - Колегиумот на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Луксембург побара зголемување на буџетот за 7,8 милиони евра поради приемот на Полска и Шведска во членството на Обвинителството на ЕУ, со што нивниот буџет за 2024 година би изнесувал 79,7 милиони евра.

Како што информираат од ЕППО, итното барање упатено до Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија било мотивирано и од забрзувањето на исплатата на средствата од расположливиот фонд на планот NextGenerationEU, механизмот за закрепнување на земјите-членки по пандемијата.

Главниот европски обвинител Лаура Ковеси најави зајакнување на човечките ресурси.

-Имајќи ги предвид предизвиците кои претстојат, потребен ни е повеќе кадар за оперативна и административна поддршка во Луксембург, како и повеќе делегирани европски обвинители, рече главниот европски обвинител.

Членството на ЕППО од 27 членки на ЕУ го сочинуваат 22 европски земји со национални делегирани обвинители, а бројот на тој начин до крајот на оваа година би можел да се зголеми на 24. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан