• понеделник, 23 декември 2024

ЕПОА: Меѓународниот притисок овозможи одржување на „Европрајд“ маршот во Белград

ЕПОА: Меѓународниот притисок овозможи одржување на „Европрајд“ маршот во Белград
Белград, 17 септември 2022 (МИА) – Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија. Претседателката на ЕПОА, Кристин Гарина ја поздрави изјавата на премиерката Ана Брнабиќ за одржувањето на маршот во Белград. Десетици дипломати, членови на Европскиот парламент, европски и меѓународни лидери ќе им се придружат на активистите на маршот кон Парламентот, соопшти ЕПОА. Брнабиќ на денешниот прием по повод одржаната недела на „Европрајд“ во Србија на насобраните странски претставници кои пристигнаа во Белград, како и на организаторите на Европрајд во Србија им порача дека ќе бидат безбедни и им се заблагодари нив за доаѓање. ми/

Остани поврзан