Ен-Би-Си: Трамп сугерираше дека ќе разговара со Путин
- Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп предложи денеска дека најверојатно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, јави Ен-Би-Си Њуз, откако републиканецот победи на претседателските избори во САД.
![Ен-Би-Си: Трамп сугерираше дека ќе разговара со Путин](https://new.mia.mk/images/20241107213405_big_730x400_18.webp )
Њујорк, 7 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп предложи денеска дека најверојатно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, јави Ен-Би-Си Њуз, откако републиканецот победи на претседателските избори во САД.
Трамп разговараше за неговата транзиција во интервју за мрежата и спомена дека разговарал со „веројатно“ 70 светски лидери од средата наутро и рече дека не разговарал со Путин - но додаде: „Мислам дека ќе разговараме“. зш/