• понеделник, 23 декември 2024

Емил Павлов најдобар македонски каратист за 2019 година

Емил Павлов најдобар македонски каратист за 2019 година
Скопје, 12 јануари 2020 (МИА) - Карате федерацијата на Македонија вчеравечер во Скопје ги прогласи најуспешни клубови, тренери и натпреварувачи за 2019 година. Наградата за најдобар каратрист за 2019 година отиде кај Емил Павлов. Најдобри по категории: Најуспешен клуб во сениорска конкуренција: Штип – Штип. Најуспешен тренер во сениорска конкуренција: Сашко Арсовски. Најуспешен клуб во младинска конкуренција: Макпетрол – Скопје. Најуспешен тренер во младинска конкуренција: Бошко Заборски. Добитници на главните награди во категоријата сениори за 2019 се следниве: Кумите сениори машки: Емил Павлов Берат Јакупи Жарко Арсовски. Кумите сениори женски: Драгана Манговска Моника Стефановска Наташа Стефановска. Ката сениори машки: Ферри Исиќ Јован Васиќ Христијан Димитријевски. Ката сениори женски: Пулексенија Јованоска Кристина Каламукоска Матеа Талеска. Добитници на главните награди во категоријата сениори до 21 година за 2019 се следниве: Кумите сениори до 21 година машки Доан Османи Петар Спасеновски Фахик Весели. Кумите сениори до 21 година женски: Ангела Мојсовска Вероника Костовска Сајра Морина. Ката сениори до 21 година машки: Георги Бановски Реџеп Мустафовски Александар Спасовски. Ката сениори до 21 година женски: Теодора Цветкоска Даниела Дракуловскa Каролина Јанчовска. Доделени беа и награди во помладите категории. зс/

Остани поврзан