• сабота, 23 ноември 2024

Емили Ратајковски ја издаде книгата „Моето тело“

Емили Ратајковски ја издаде книгата „Моето тело“
Лос Анџелес, 11 ноември 2021 (МИА) - Манекенката Емили Ратајковски ја објави книгата „Моето тело“ (My Body) и со тоа отвори неколку, инаку познати женски теми. „Ја напишав оваа книга за сите да ги разберат моите уверувања и мисли. Тука се некои од највредните и најискрените разговори што сум ги имала со моите пријатели. Единствената надеж ми е дека пред да си создадете мислење, ќе ѝ пристапите на оваа приказна и од моето гледиште“, напиша Ратајковски под објавата на својот интернет-простор. Нејзината книга е всушност збирка на кратки есеи кои даваат увид во животот и кариерата на манекенката изградени на нејзината убавина. Таа се осврнува и на феминизмот, експлоатацијата во модната индустрија, машките погледи и на - капитализмот. Еден од написите под наслов „Да си се откупиш себеси“ (Buying Self Back) јавноста имаше можност да го прочита во минатогодишното издание на „Њујорк магазин“, а потоа беше прогласен  и за најчитан за 2020 година. Емили се осврна и на фотографот Џонатан Ледер, за кого тврди дека сексуално ја вознемирувал за време на снимање.  си/паг/

Остани поврзан