Емили Ратајковски на двегодишнината од својата венчавка, објави ново видео
- Манекенката Емили Ратајковски пред точно две години, далеку од очите на јавноста стапи во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Мекклард, за кого претходно не се ни знаеше дека ѝ е момче
Лос Анџелес, 24 февруари 2020 (МИА) - Манекенката Емили Ратајковски пред точно две години, далеку од очите на јавноста стапи во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Мекклард, за кого претходно не се ни знаеше дека ѝ е момче.
Двојката се венчала во присуство на мал број луѓе, а невестата наместо венчаница, носела жолта тоалета од Зара, што тогаш беше огромен хит, и голем црн шешир со мрежа. Манекенката тогаш на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а сега, на годишнината, ги почести своите обожаватели и со видеоснимка од моментот кога кажала „да“ и првиот брачен бакнеж.
https://www.instagram.com/p/B86oNh2BNER/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again
„Би се омажила за тебе повторно, и повторно, и повторно...“, напиша Емили под романтичното видео. За половина ден снимката ја погледнале над два милиона следачи, а коментарите се главно позитивни.
Покрај видеото, Емили објави и нови слики од венчавката, коментирајќи дека со секој изминат ден сè повеќе и повеќе го сака сопругот. си/гт/