• недела, 22 декември 2024

Емери: Не смееме да се опуштиме по победата над Баерн Минхен

Емери: Не смееме да се опуштиме по победата над Баерн Минхен

Бирмингем, 4 октомври 2024 (МИА) - Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, ги повика своите играчи да не се опуштаат пред гостувањето кај Манчестер Јунајтед.

Во текот на неделата, Вила го победи германскиот гигант Баерн Минхен со 1-0 на домашен терен, додека во исто време проблемите за „црвените ѓаволи“, кои загубија три пати во првите шест натпревари во Премиер лигата, продолжуваат и медиумите шпекулираат дека во секој момент менаџерот Ерик тен Хаг би можел да ја загуби работата.

-Уживавме во победата во средата, но тоа не треба да ни ги заматува мислите, ниту нашите цели. Имам мои амбиции откако дојдов во клубот. Денес тие се исти. Имаме повеќе победи отколку што мислев во овој момент. Мојата цел сега е да го задржам тоа ниво, изјави Емери.

Тој, исто така, зборуваше пофално за својот колега Ерик тен Хаг, кој освои два трофеи во првите две сезони.

-Го почитувам многу затоа што има повеќе победи против мене отколку јас против него. Тој е победник, минатата година го освои и ФА Купот. Мислам дека е многу добар тренер. Секако, барањата од него се многу високи, но во моментов тој е во процес. Јунајтед е победнички тим кој има искусен тренер. Мислам дека тие се уште имаат победнички менталитет. Да, им недостига доследност во постигнувањето добри резултати, но имаат капацитет да забележат незаборавни перформанси. Затоа ќе се подготвиме уште подобро отколку за средбата со Баерн Минхен, објасни Емери. дс

Фото: Архива

Остани поврзан