• четврток, 21 ноември 2024

Ембид од Камерун доби Орден за храброст

Ембид од Камерун доби Орден за храброст

Јаунде, 15 август 2024 (МИА) – Претседателот на Камерун Пол Бија го награди кошаркарот Џоел Ембид.

Центарот на репрезентацијата на САД го доби Орденот на храброста. Наградата им се доделува на граѓаните на Камерун за достигнувања во областа на нивните професионални активности.

Ембид избра да игра за американската репрезентација на олимпискиот кошаркарски турнир, а можеше да настапи и за Франција.

Ембид е носител на играта на Филаделфија и е еден од најдобрите во НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан