• понеделник, 23 декември 2024

Ема Никочевиќ прва македонска судијка со знакот на ФИБА

Ема Никочевиќ прва македонска судијка со знакот на ФИБА

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) – Поранешната кошаркарка, 29-годишната Ема Никочевиќ, стана првата македонска судијка со знакот на ФИБА.

 

- Почнав да судам уште во 2016 година, и тоа натпревари во училишните лиги.  Во втората половина од натпреварувачката сезона 2018/2019 влегов во сениорски ранг на натпреварувања, а веќе во наредната, почнав да судам натпревари кои се на она највисоко ниво. Минатата сезона имав приближно 25 натпревари кои се дел од втората и третата лига-мажи, но и дваесетина натпревари од женската прва лига, вклучувајќи го и женскиот Суперкуп, потоа мечевите од полуфиналето во женскиот сениорски сегмент, изјави Никочевиќ за КФСМ.

Првата Македонка со знакот на ФИБА во следниот период ќа се насочи кон стекнување што поголемо меѓународно судиско искуство. 

 

- Да судам и да учам од најдобрите ФИБА судии, пред се, за да можам да станам подобар судија. Со нетрпение очекувам да запознаам нови луѓе, да ги проширам моите хоризонти и стекнување кошаркарски пријатели од целиот свет. Исто така, сакам да поттикнам повеќе женски колеги во обидите да станат судии и комесари на ФИБА во мојата земја. Очекувам да изградиме добра врска и честа комуникација со судискиот сектор на ФИБА, да имаме вебинари или други форми на настава во текот на целата сезона, додаде Никочевиќ.

 

Покрај неа, во „класата 2023“ на судискиот департмент на Светската кошаркарска федерација се најде и талентираниот македонски судија Андреј Златевски. зс/

 

Фото: КФСМ

Остани поврзан