• понеделник, 23 декември 2024

Емануел Макрон: Свесен сум дека ова гласање ме обврзува за годините што доаѓаат

Емануел Макрон: Свесен сум дека ова гласање ме обврзува за годините што доаѓаат
Париз, 24 април 2022 (МИА) - Емануел Макрон, со звуците на европската химна „Ода на радоста“, старо-новиот претседател,  пристигна под Ајфеловата кула, придружуван од неговата сопруга Брижит и децата, како симбол на неговата програма за новиот петгодишен мандат кој сака да биде во знакот на децата, јави дописникот на МИА. На почетокот од неговото обраќање на естрадата пред Ајфеловата кула на Полињата на Марс, симболично избрано место со универзалноста на Ајфеловата кула како декорација за новоизбраниот претседател, место кое му беше одбиено во 2017 година, тој им се заблагодари на сите ние кои гласаа за него. „Ви благодариме, драги пријатели!, рече Макрон. -Сакам да им се заблагодарам на сите активисти, волонтери, сопатници и избрани функционери кои ме придружуваа од самиот почеток. Знам дека сите работевте напорно. Вистината доаѓа со чукање во срцето, а јас знам што ви должам“. -Сакам да им се заблагодарам на сите Французинки и Французи кои ми ја дадоа довербата за да го реализираме нашиот проект за понезависна, посилна Франција, да се осигураме дека проектите ќе се реализираат и да ја направиме Франција голема еколошка нација, рече и тој. Макрон притоа нагласи дека тој „не е повеќе кандидат на еден табор, туку претседател на сите Французи“. -Знам и дека многу сонародници гласаа за мене, за да ги блокирам идеите на крајната десница. Сакам да им се заблагодарам и да им кажам дека сум свесен дека овој глас ме врзува за годините што доаѓаат. Јас сум чувар на нивната приврзаност кон Републиката, призна тој. -Мислам и на сите наши сонародници кои апстинираа, нивниот молк значеше одбивање да изберат, на што мора да одговориме ние, смета реизбраниот претседател. -Мислам и на оние кои гласаа за г-ѓа Марин Ле Пен, чие разочарување го знам оваа вечер. Емануел Макрон притоа им наложи на своите активисти да не „свиркаат“ пред да продолжи: -Од самиот почеток ве замолив никогаш да не свиркате. Затоа што, отсега повеќе не сум кандидат на еден табор, туку претседател на сите. Знам дека за многу наши сонародници кои ја избраа екстремната десница, гневот и несогласувањата што ги наведоа да гласаат за овој проект, не принудуваат да најдеме одговор. Тоа ќе биде наша одговорност и наш проект. Мораме ефективно да одговориме на изразениот гнев. -Денес избравте хуманистички, амбициозен проект за независност на нашата земја, за Европа, додаде Емануел Макрон. -Европски проект, социјален, еколошки, заснован на работа и создавање, проект за ослободување на нашите академски сили. Сакам да го носам овој проект со сила во годините што доаѓаат со тоа што ќе бидам складиште на поделбите што се изразени и разликите и со тоа што ќе осигурувам почит за сите, секој ден и ќе продолжам да работам за поправедно општество и еднаквост меѓу жените и мажите, додаде тој поздравен со аплаузи. -Годините кои доаѓаат нема да бидат мирни. Ќе мораме да бидеме амбициозни. Војната во Украина е тука, за да не потсети дека Франција мора да го крене гласот за да ја покаже јасноста на своите избори и да ја покаже својата сила во сите области, истакна Емануел Макрон на Шан-де-Марс. -Ќе мораме да бидеме добронамерни и со почит, бидејќи нашата земја е потопена во толку многу сомнежи, толку многу поделби. Никој нема да биде оставен на страна. Од нас ќе зависи заедно да работиме за ова единство преку кое ќе можеме да живееме посреќно во Франција. Годините што доаѓаат секако нема да бидат тивки, туку ќе бидат историски, а ние ќе можеме да ги напишеме за нашата генерација!, продолжи тој. -Оваа нова ера нема да биде континуитет на петгодишниот период кој завршува, туку обнова за да се направи подобро. Секој од нас ќе мора да се посвети на тоа. Тоа е она што го прави францускиот народ, оваа единствена сила, што го сакам толку длабоко, толку интензивно и што сум толку горд што повторно служам, заврши реизбраниот 44-годишен Макрон. тг/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан