• петок, 05 декември 2025

Ел Ануни: ЕУ апелира да продолжи почитувањето на прекинот на огнот во Газа 

Ел Ануни: ЕУ апелира да продолжи почитувањето на прекинот на огнот во Газа 

Брисел, 29 октомври 2025 (МИА) - Европската Унија внимателно ги следи последните настани во Газа и го повторува својот апел до сите страни да продолжат да го почитуваат прекинот на огнот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Ануар Ел Ануни. 

- Ги повикуваме сите страни целосно да се посветат на спроведување на секоја фаза од планот за прекин на огнот во Газа и да се воздржат од каква било активност што би можела да го загрози договорот и одржливоста на прекинот на огнот, истакна Ел Ануни, 

Тој го повтори и ставот на ЕУ дека нема воено решение за конфликтот и дека е време да се стави крај на циклусот на насилство, смрт и уништување во регионот. 

Според палестински извори, во израелски напади врз Појасот Газа во текот на минатата ноќ загинале најмалку 50 лица, меѓу кои и 22 деца, а околу 200 други биле ранети. Израелската армија, пак, соопшти дека во борби на југот од Појасот Газа бил убиен еден нејзин војник. сп/ми/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан