• петок, 05 декември 2025

Елмас одигра еден час во триумфот на Наполи против Пиза

Елмас одигра еден час во триумфот на Наполи против Пиза

 

Неапол, 22 септември 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се најде вечерва во почетниот состав на Наполи на дуелот против Пиза од 4. коло во Серија А во кој актуелниот италијански шампион запиша победа од 3-2.

Елмас одигра 58 минути пред да биде заменет со Камерунецот Франк Ангуиса. Македонскиот фудбалер во 27 минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.

Наполи ја обезбеди победата со головите на Гилмор (39), Спинацола (73) и Лука (82), додека стрелци за гостинскиот тим беа Нзола (59, пенал) и Де Соуса (90).

Составот на Антонио Конте е лидер на табелата во Серија во максимални 12 бодови, пред второпласираниот Јувентус, кој заостанува два бода.

Наполи во следното коло го очекува деби натпреварот против третопласираниот Милан на гостински терен.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан