• петок, 22 ноември 2024

Елисејска палата: Макрон наскоро ќе разговара со Путин

Елисејска палата: Макрон наскоро ќе разговара со Путин
Париз, 17 април 2021 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон планира да одржи состанок со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро, соопшти денеска Елисејската палата. „Претседателот на Франција наскоро ќе разговара со претседателот Путин, се наведува во соопштението од кабинетот на Макрон. Соопштението следи по вчерашните разговори меѓу Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога лидерите ја повикаа Русија дополнително да повлече војници распоредени во близина на украинската граница, како и од Крим. паг/    

Остани поврзан