• понеделник, 18 ноември 2024

Еленко Миланов за сведочењето на лекарите од КАРИЛ за смртта на Денис Тот: Компјутертската томографија морало да ја покаже повредата

Еленко Миланов за сведочењето на лекарите од КАРИЛ за смртта на Денис Тот: Компјутертската томографија морало да ја покаже повредата
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Компјутертската томографија морало да ја покаже повредата. Тие лекуваа, но до последен момент не знаеја од што лекуваат, и зошто лекуваат, и која е причината зошто го изгубија тој пациент, изјави адвокатот Еленко Миланов во врска со сведочењето на лекарките од КАРИЛ за починатиот пациент Денис Тот кој беше примен на клиниката откако беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. По сослушувањето на двете лекарки од КАРИЛ кои изјавија дека не ја утврдиле конкретната причина за смртта и дека до последниот момент немале сознанија за повредата на 'рбетниот мозок, бранителот на обвинетиот Андреј Костовски изјави дека снимањето морало да ја покаже повредата. - Она што го слушнавме, доктор Маја Мојсова остана на тоа дека не видела никакви повреди видливи односно на видлив дел од телото, со оглед да како што наведе, не може да го вртат телото, но повредите се во пределот на главата, оние што ги констатира Судска медицина кои што како такви би морале да бидат видливи и да евентуално во насока на нив се преземат и други дејствија, рече тој. На новинарско прашање дали и да знаеле за повредата не би можело ништо да се направи и повторно исто би го лекувале, тој одговори дека и докторите од судска медицина, како што рече, „рекоа дека дури и да се знаело за таа повреда, шансите за спас биле многу мали, но, не и дека не можело ништо да се направи“. Миланов посочи дека одбраната во конкретниот случај единствено оди на преквалификација и на тоа дали има умисла за убиство. - Доколку нема, а ја нема очигледно, од кој удар и која повреда евентуално настапи смртната последица во оваа трагедија, рече тој. На денешното рочиште лекарката Маја Мојсова Миовска, изјави дека дури и да ја знаеле повредата на 'рбетниот мозок курсот на лекување ќе остане ист. Според неа причината за смртта генерално е престанок на работа на срце или на дишење. - За жал ние сме анестезиолози и немаме алатка која што може да ни даде увид во тоа која е главната причина за смртта, ние во тој момент немавме податок, рече таа. На предлог на одбраната денеска сведочеше и лекарката Билјана Андоновска, исто така од КАРИЛ, која што пред судот изјави дека во лекувањето се приклучила на денот на настапувањето на смртта на оштетениот. - Пациентот е донесен без знаци на живот и без срцева акција, пристапено е кон основно и напреднато одржување во живот, рече таа. На прашање дали повредата на 'рбетениот мозок им била позната, таа одговори дека според првичната дијагностика што била направена, како што рече „немавме таков опис во документацијата која што ја имавме на увид“. Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. – По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска. ар/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан