• понеделник, 23 декември 2024

Електричната енергија во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто

Електричната енергија во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто

Aнкара, 28 јуни 2024 (МИА) - Турција ги зголемува тарифите за електрична енергија за 38 отсто од 1 јули, објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на одлуката на Турскиот регулатор за енергетика.

Со ова зголемување, сумата што ќе треба да се плати за потрошувачка од 100 kWh електрична енергија за домаќинствата станува 207,23 турски лири (5,9 евра).

Регулаторот за енергетика во своето соопштение поскапувањето на струјата го припишува на растот на трошоците за производство на енергија.

Новите тарифи стапуваат на сила од 1 јули. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан