• сабота, 23 ноември 2024

Елези ја напушти Шкендија и потпиша за Локомотива Загреб

Елези ја напушти Шкендија и потпиша за Локомотива Загреб

Тетово, 9 јануари 2024 (МИА) – Тетовскиот прволигаш Шкендија ќе биде без услугите на Дашмир Елези во продолжението на македонското првенство, откако 19-годишниот фудбалер одлучи кариерата да ја продолжи во странство и денеска потпиша договор со хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб.

Шкендија не ги објави финансиските детали од договорот, а тетовскиот клуб ќе добие десет проценти од идниот евентуален трансфер на Елези.

Елези во ноември 2020 година дебитираше за сениорскиот тим на Шкендија и со 16 години и еден ден стана најмлад стрелец во историјата на клубит и на Првата македонска фудбалска лига.

Лани, Елези се пресели во грузискиот прволигаш Торпедо, но на свое барање го раскина договорот и младиот напаѓач се врати во редовите на Шкендија. е/вг/

ФОТО: ФК Шкендија

Остани поврзан