• понеделник, 08 јули 2024

Еланга од Манчестер јунајтед во Нотингем Форест

Еланга од Манчестер јунајтед во Нотингем Форест

Лондон, 25 јули 2023 (МИА) – Досегашниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ентони Еланга, денеска потпиша петгодишен договор со премиерлигашот Нотингем Форест.

Како што објави Би-Би-Си, вредноста на трансферот изнесува 15 милиони фунти.

Еланга кариерата ја почна во клубот од „Олд Трафорд“ за кој дебитираше во сениорскиот тим во 2021 година, а за Јунајтед одигра 55 натпревари и постигна четири голови.

Еланга имаше договор со Јунајтед до лето 2026 година.

„Ова е голем чекор за мене и навистина ми е мило што ќе играм пред навивачите на Форест на „Сити Граунд“, изјави 21-годишниот шведски фудбалер.

Еланга е прво засилување во редовите на Нотингем Форест во летниот преоден рок. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан