• понеделник, 20 мај 2024

ЕК ја зајакнува контролата врз активностите на странските компании

ЕК ја зајакнува контролата врз активностите на странските компании
Брисел, 9 јуни 2020 (МИА) - Европската комисија (ЕК) има намера да спроведе подетални инспекции на странски компании за да ги спречи да користат државни субвенции при купување европски фирми, изјави заменик-шефот на Европската комисија за дигитална економија Маргрете Вестагер. - Странските компании користат субвенции без наше знаење, тие доаѓаат без контроли. Постои голем ризик да го поделат единствениот пазар и да ја нарушат конкуренцијата, рече Вестагер. Таа додаде дека инспекциите ќе влијаат не само на идните зделки, туку и на оние што веќе се во тек во ЕУ, доколку се осомничени дека користат државни субвенции за кршење на законот за конкурентност на ЕУ. Овие и другите нови регулативи на ЕК ќе бидат вклучени во „Белата книга“ на заедницата за ова прашање, што се очекува да биде претставена следната недела. паг/    

Остани поврзан