• сабота, 23 ноември 2024

ЕК предлага задолжителна верификација на одредени странски инвестиции во ЕУ

ЕК предлага задолжителна верификација на одредени странски инвестиции во ЕУ

Брисел, 24 јануари 2024 (МИА) - Европската комисија денеска презентираше неколку предлози поврзани со проверката на странските инвестиции во ЕУ. Се предлага одредени видови инвестиции да подлежат на задолжителна проверка за извесни показатели.

Според комисијата, неопходно е сите земји од ЕУ да воведат опции за проверка, да го дефинираат опсегот на оние странски инвестиции кои мора да бидат проверени и да ги проценат европските инвестиции надвор од ЕУ кога се поврзани со активности водени од странци. Забележана е потребата од подобрување на координираниот надзор на извозот на артикли со двојна употреба.  

-Странските инвестиции во ЕУ се корисни за европската економија, но некои од нив може да претставуваат закана за безбедноста и јавниот ред, се вели во соопштението на Комисијата.

Се додава дека во последните три години биле проверени над 1.200 договори и утврдени се законодавни празнини, вклучително и во однос на можноста инвестициите на ЕУ во странство да се користат против Европа или да се поткопа меѓународниот мир и безбедност. Оттука, комисијата предлага да се следи овој вид инвестиција една година, а според добиената оценка да се разгледа какви дополнителни мерки се потребни на европско ниво. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан