• понеделник, 23 декември 2024

ЕК издвои 31 милион евра за Рохинџите

ЕК издвои 31 милион евра за Рохинџите
Брисел, 3 март 2020 (МИА) – Европската Комисија (ЕК) соопшти дека ќе додели дополнителни 31 милион евра хуманитарна помош за бегалците Рохинџи во Бангладеш и Мјанмар. Кризата со Рохинџите, муслиманско малцинство во Мјанмар под прогон на властите, влезе во својата трета година, и стотици илјади од нив се раселени во соседните држави. Еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, изјави дека европските власти прават сѐ оваа помош да стигне во рацете на оние на кои највеќе им е потребна. - Поважно од кога било е да ја одржиме нашата поддршка и да не ги заборавиме оние кои зависат од хуманитарната помош за да преживеат, изјави Ленарчич. Од овие 31 милион, 18,5 милиони се наменети за здравствена помош и храна за најранливите групи и бегалците во Бангладеш, а 3,5 милиони се предвидени за зајакнување на капацитетите на локалните заедници да се заштитат од природни катастрофи. Останатите девет милиони евра се наменети за помош на локалните заедници во три области во Мјанмар. Од почетокот на кризата со Рохинџите, Европската Унија одвоила 150 милиони евра хуманитарна помош. Шестотини илјади бегалци Рохинџи живеат без пристап до основни услуги како здравство и храна и немаат право на државјанство, ниту на основни права. тм/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан