ЕК: За четири години над 5.000 пациенти од Украина се префрлени во европските болниците
- Пациентите се префрлени во болници во 22 европски земји, вклучително и Норвешка, која не е членка на Европската Унија
Брисел, 16 април 2026 (МИА) - Од почетокот на војната во Украина во 2022 година повеќе од 5.000 пациенти се префрлени на лекување во болниците во Европа - соопшти денеска Европската комисија.
Пациентите се префрлени во болници во 22 европски земји, вклучително и Норвешка, која не е членка на Европската Унија.
Евакуациите на пациенти што страдаат од тешки повреди, хронични болести и сложени состојби ги координира ЕК во соработка со Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа.
- ЕУ останува посветена на поддршката на здравствениот систем на Украина и обезбедувањето дека оние што се најранливи ќе ја добијат потребната грижа - се наведува во соопштението на ЕК. ми/јт/
фото: МИА архива