• петок, 22 ноември 2024

ЕК бара јасни национални планови за намалување на емисиите на стакленички гасови  

ЕК бара јасни национални планови за намалување на емисиите на стакленички гасови  

Брисел, 19 декември 2023 (МИА) – Европската комисијата објави нацрт-документ за ревизија на националните енергетски и климатски планови на земјите членки на ЕУ со кои од нив се бара да ги зголемат своите напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и да утврдат појасни планови за прилагодување на промените на климата, согласно поставените климатски цели на Унијата до 2030 година. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со предлогот за бара од земјите членки најдоцна до 30 јуни следната година да ги подготват и достават до Европската комисија своите конечни климатски планови.

Во документот, ЕК ги повикува земјите членки „подобро да се подготват“ за поголем опсег на користење на обновливите извори на енергија и да ги подобрат мерките за енергетска ефикасност.  

- Потребни се и дополнителни мерки за поттикнување на потрошувачите, подобрување на енергетската безбедност и поддршка на европските компании во зајакнувањето на нивната конкурентност. Ќе бидат потребни поголеми напори за да се обезбеди пристап до достапните извори на финансирање и да се стимулираат клучните инвестиции потребни за зајакнување на конкурентноста на европската индустрија, се наведува во предлогот. 

Кина планира да лансира нова информативна платформа што ќе им овозможи на луѓето да ги следат емисиите од компаниите што ја загадуваат животната средина, за да можат да им помогнат на властит

Националните енергетски и климатски планови на секоја земја членка на ЕУ претставуваат патоказ што ги утврдуваат напорите за исполнување на законски обврзувачката цел на Унијата за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година за 55 отсто, како и за остварување на енергетските и климатските цели. 

Според оценките на Еврокомисијата наведени во текстот, сегашното ниво на активности нема да резултира со остварување на колективната цел за намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина за најмалку 55 отсто до 2030 година, туку би резултирале со намалување за најмногу 51 процент. 

Исто така, ЕК проценува дека целта за намалување на емисиите на ниво од 310 метрички тони на еквивалент на јаглерод диоксид (MtCO2eq) нема да биде остварена за 40 до 50 MtCO2eq, како и дека стапката за учество на обновливите енергетски извори во вкупното производство на енергија до 2030 година според сегашното темпо на спроведување на мерките, би изнесувала меѓу 38,6 и 39,3 отсто, наместо зацртаните 42,5 проценти. 

Во однос на енергетска ефикасност, според проценките на Еврокомисијата, сегашните планови би довеле до нејзино зголемување за 5,8 отсто, наместо поставената цел од 11,7 проценти. 

Чешката влада има намера до 2038 година да затвори рудници за јаглен чија употреба ја загадува животната средина и постепено да премине на обновливи извори на енергија.

Во документот се нагласува и важноста и итноста од постепено укинување на употребата на фосилните горива во производството на енергија, особено на цврстите фосилни горива, како јагленот и лигнитот. Според ЕК, доделувањето на државни субвенции за фосилните горива, вклучително и за нивниот транспортот, претставува „уште една пречка на патот на ЕУ кон климатска неутралност“.  

- Субвенциите кои не се однесуваат на енергетската сиромаштија или на правичната транзиција треба постепено да се укинат што е можно поскоро и наместо тоа, овие средства да се насочат кон иновации и поддршка на ранливите групи граѓани погодени од транзицијата, препорачува Европската комисија. 

Со нацртот се бара од земјите членки да посветат поголемо внимание на енергетската безбедност, се нагласува потребата од итно зајакнување на конкурентноста на европските синџири на вредност за чиста енергија и се препорачува обезбедување на диверзификација на снабдувањето со енергија на конкурентен начин.

Според ЕК, неопходни се структурни промени во енергетскиот систем што ќе резултираат со добивање рентабилен и флексибилен енергетски пазар, како и посветување поголемо внимание на образованието и стручното усовршувањето во напорите за реализација на мерките за спроведување на праведна и инклузивна зелена транзиција. 

Завршната обука за користење на мрежната платформа за следење и потврдување (MVP-МВП) на заштедите на енергија и намалување на емисиите на стакленички гасови преку планирање и спроведување на

Потребни се и значајни дополнителни мерки за прилагодување кон климатските промени и зајакнување на отпорноста во сите сектори, пред се во енергетскиот, заклучува Европската комисија.  

Изработката на национални енергетски и климатски планови за периодот 2021-2030 година е обврска на земјите членки согласно Регулативата на ЕУ за управување со Енергетската унија и климатската акција од 2018 година, со кои се утврдени целите на блокот за енергијата и климата до 2030 година.  

Првичните национални енергетски и климатски планови на земјите членки на ЕУ беа изработени во 2019 година, но сега според ЕК, потребна е нивна ревизија согласно ревидираната легислатива на Унијата во овие сектори, како Европскиот закон за климата, Механизмот за обнова и отпорност и планот „РЕПауерЕУ“. 

Во нацрт-документот се вклучени и 21 специфични препораки за одделни земји, како и поединечни проценки за усогласувањето со енергетските и климатските цели, климатска неутралност и прилагодувањето за секоја земја членка. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан