• понеделник, 16 септември 2024

Експлозија во центарот на Келн

Експлозија во центарот на Келн

Келн, 16 септември 2024 (МИА) - Експлозија денеска оштети зграда во центарот на западниот германски град Келн, јави ДПА.

Портпаролката на полицијата рече дека широката област на Хоенцолернринг, населба полна со кафулиња, барови и ресторани, е опколена и дека голем број полицајци се на терен.

Таа првично не даде никакви информации за евентуални повреди или причина за експлозијата.

Радио Келн рано утрово јави дека едно лице е полесно повредено.

Полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа околу местото на експлозијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан