• понеделник, 23 декември 2024

Експлодираа неколку танкери во западен Иран

Експлодираа неколку танкери во западен Иран
Техеран, 28 јули 2020 (МИА) - Неколку танкери денеска експлодираа во иранскиот западен град Керманша. Експлозијата се случила во индустриската област Долатабад, а пожарот е ставен под контрола. Танкерите не се во сопственост на иранското Министерство за нафта, туку се на приватна компанија. Во Иран изминатите недели се случија неколку необјасниви експлозии и предизвикаа пожар во воениот камп Парчин во источен Техеран, во болница во северниот дел на главниот ирански град, во нукеларната централа Натанц, во неколку фабрики во Техеран и во петрохемиски коплекс во југозападен Иран. ми/

Остани поврзан