• понеделник, 23 декември 2024

Експертите очекуваат да се појави варијанта отпорна на вакцина на вирусот

Експертите очекуваат да се појави варијанта отпорна на вакцина на вирусот
Њујорк, 25 март 2021 (МИА) - Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла изјави дека експертите од светската биофармацевтска компанија сметаат дека најверојатно ќе се појави варијанта отпорна на вакцини против „Ковид-19“. - Секогаш кога ќе излезе некоја варијанта во светот, нашите научници се обединуваат против неа и проучуваат дали таа варијанта може да избега од заштитата на нашата вакцина. Се уште немаме идентификувано, но веруваме дека еден ден ќе се појави, изјави Бурла за „Фокс њуз“. Сепак, Бурла додаде дека „Фајзер“ може да произведе актуелизирани верзии на својата вакцина за борба против варијантата во рок од три месеци од нејзиното откривање. - Изградивме процес со кој, во рок од 95 дена откако ќе ја идентификуваме варијантата, ќе може да имаме вакцина прилагодена на таа варијанта, рече Бурла. паг/    

Остани поврзан