• сабота, 23 ноември 2024

Експериментален концерт во Лајпциг

Експериментален концерт во Лајпциг
Берлин, 22 август 2020 (МИА) - Во германскиот град Лајпциг вечерва ќе биде спроведен необичен експериментален концерт, од кој научниците ќе дојдат до сознанија како се однесува публиката и колкав е ризикот од ширење на Ковид-19 на големи собири. На експерименталниoт концерт ќе настапи германскиот поп пејач Тим Бенџко, а научниците од Универзитетската болница во Хале треба да утврдат дали треба да се дозволи голем број луѓе во концертните сали и на фудбалските стадиони за време на пандемијата со Ковид-19. - Сакаме да утврдиме колкав е бројот на контакти помеѓу посетителите на концертите, изјави раководителот на студијата Стефан Мориц. Публиката на концерот ќе има уреди кои ќе овозможат следење на нивните контакти, додека сензори на кровот на салата ќе собираат и евидентираат податоци за движењето на посетителите. Сите во публика ќе имаат флоресцентно дезинфекциско средство, а по концертот, со помош на УВ лампа ќе се утврди кои површини силно светат, што ќе значи дека посетителите многу често се допирале. Во експериментот ќе учествуваат 2.210 луѓе, што е многу помалку од очекуваните 4.000 волонтери. Доброволците пред концертот ќе мора да достават негативен резултат на Ковид-19, а за време на концертот ќе носат заштитни маски ФФП2. Резултатите од студијата се очекуваат во октомври. ми/

Остани поврзан