Еко линија за пријавување електричен и електронски отпад
- Секое физичко и правно лице може да пријави електричен и електронски отпад со цел да се ослободи од истиот преку ЕКО линијата 070/236 000 која е отворена секој ден, информираат од ДОО НУЛА О
Скопје, 15 јануари 2021 (МИА)- Секое физичко и правно лице може да пријави електричен и електронски отпад со цел да се ослободи од него преку еко линијата 070/236 000, која е отворена секој ден, информираа денеска од ДОО Нула отпад.
Оттаму апелираат граѓаните да се охрабрат и да ја користат еко линијата која, потенцираат, е безбеден и бесплатен сервис за правилно одложување на овој тип на отпад.
Целта е правилно третирање на отпадот кој делува како нетоксичен, а всушност испушта тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.свс/лв/