• сабота, 23 ноември 2024

Економско-монетарниот комитет на ЕП го поддржа изборот на Клаудија Бух за нов шеф НО на ЕЦБ 

Економско-монетарниот комитет на ЕП го поддржа изборот на Клаудија Бух за нов шеф НО на ЕЦБ 

Брисел, 20 септември 2023 (МИА) - Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент денеска ја поддржа номинацијата на вицегувернерката на германската централна Бундесбанка, Клаудија Бух за нов претседател на Надзорниот одбор со Европската централна банка (ЕЦБ).  

На тајното гласање на членовите на Комитетот, Бух доби 29 гласа, а нејзината противкандидатка, вицегувернерката на Банката на Шпанија, Маргарита Делгадо – 23. Двајца членови на Комитетот се воздржаа од гласање. 

Комитетот првично беше повеќе наклонет за избор на Делгадо сметајќи дека е „поискусна и построга“ и посоодветен кандидат од Бух, но поддршката на ЕЦБ и на големите политички групации во ЕП за Германката, резултираше со денешниот исход на гласањето. 

Евентуалниот избор на Бух, ќе ги зголеми шансите на сонародничката на Делгадо, шпанската прва вицепремиерка и министерка за економски прашања и дигитална трансформација Надија Калвињо во трката за нов претседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ). 

Главен противкандидат на Калвињо за шефица на ЕИБ е еврокомесарката за конкурентност Маргрете Вестагер, која на почетокот на месецов својата функција во Европската комисија ја стави во мирување, додека трае постапката за избор на прв човек на Банката. 

Досега се очекуваше постапката за избор на претседател на ЕИБ да биде завршена, но неизјаснувањето на Франција околу изборот, како и поделбите во германската коалициска Влада по ова прашање, го одолговлече целиот процес. сп/

Фото: Бундесбанк

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан