• понеделник, 23 декември 2024

Еколошкото друштво „Здравец 2002" започна со теренска грижа за стари изнемоштени лица

Еколошкото друштво „Здравец 2002
Македонска Каменица, 16 септември 2021 (МИА) - Еколошкото друштво „Здравец 2002" од Македонска Каменица продолжува со реализација на проектот „Дигитилизација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини“. Во рамки на проектот финансиран од Цивика мобилитас мобилниот тим на ,,Еко Здравец 2002" започна со теренската грижа за стари и изнемоштени лица како дел од активностите поврзани со овој проект. - Со затворањето на рудник Саса пред неговото рестартирање во изминатите години голем дел од младите барајќи егзистенција го напуштија своето место на живеење и заминаа да бараат работа во државата и странство, оставајќи ги своите стари родители да живеат препуштени сами на себе. Со реализирање на овој проект старите и изнемоштени лица во руралните средини ќе бидат згрижени во секое време. Сметаме дека со овој проект кој првпат се спроведува на територијата на општина Македонска Каменица ќе се олесни и работата на институциите, истакнаа од ,,Еко Здравец 2002". Меѓу специфичните цели на проектот, како што додадоа, е формирање Диспечерски центар за обезбедување на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица. - Преку проектот имаме за цел да ги мапираме старите и изнемоштени лица, како и обезбедени дигитални социјални услуги за 50 лица кои живеат во руралните средини во општина Македонска Каменица, додадоа од каменичкото здружение. Проектот што се реализира во партнерство со Здружението на пензионери од М.Каменица и здружението ,,Глас на еднаквоста", започна да се реализира во мај годинава, а неговата имплементација ќе трае 16 месеци. Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува 2,5 милиони денари. в.с/цр

Остани поврзан