• понеделник, 23 декември 2024

Еколошкото друштво ,,Здравец 2002" го заврши проектот за „Градење капацитети за одржливо користење на екосистемски услуги“

Еколошкото друштво ,,Здравец 2002
Македонска Каменица, 8 јуни 2022 (МИА) - Еколошкото друштво ,,Здравец 2002" од Македонска Каменица изготви четири публикации во рамките на проектот „Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони“, кој е финансиран од прекуграничната програма Интеррег помеѓу Бугарија и Северна Македонија. - Изготвените публикации содржат насоки за имплементација на најдобрите практики за управување на регионално ниво, потоа имаме изготвено Долгорочна стратегија за унапредување и интегрирање на екосистемскиот концепт во управувањето со Осоговските планини со направена „Анализа на влијанието на климата и промената на користењето на земјиштето врз услугите и ресурсите од планинските екосистеми во прекуграничната област Република Бугарија - Република Северна Македонија“, рече претседателот на „Еко Здравец 2002“, Миран Митревски. Во рамки на проектот како што додаде, изготвен е и „Водич за спроведување најдобри практики за одржливо управување со планинските подрачја во прекуграничниот регион“. - Водечки партнер во проектот е Локалната агенција за економски развој од Разлог, Република Бугарија, а освен Еколошко друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица, партнери се и Институтот за шумарство, Бугарска Академија на науки и уметности, Софија, додаде Митревски. Сите публикации, како што додадоа од Еколошкото друштво од Македонска Каменица се јавно достапни за преземање од веб страницата www.zdravec2002.org. вс/сх/

Остани поврзан