Еколошки активисти ја прекинаа работата на Северен поток 2 во германските води
- Активистичката група за животна средина „Набу“ денеска објави дека поднела жалба до германскиот регулатор за привремено запирање на работата на гасоводот „Северен поток 2“ во германските води
Берлин, 18 јануари 2021 (МИА) - Активистичката група за животна средина „Набу“ денеска објави дека поднела жалба до германскиот регулатор за привремено запирање на работата на гасоводот „Северен поток 2“ во германските води.
Кон крајот на минатата недела, Германската федерална поморска и хидрографска агенција (БШ) даде зелено светло за веднаш да се продолжи со изградбата на гасоводОТ „Северен поток 2“ во германските води. Претходната дозвола предвидуваше продолжување на градбата од крајот на мај.
За да ги заштити птиците, БШ утврди дека во периодот од јануари до мај, работите ќе бидат прекинати за најмногу 30 дена по 14 дена.
Активистите во здружението „Набу“ денеска се жалеа на одлуката на агенцијата, која автоматски ја прекина работата на проектот, потврди БШ.
Речиси завршениот „Северен поток 2“ треба да ја удвои количината на руски природен гас што ќе стигне до Германија преку Балтичко Море и со тоа да обезбеди негово снабдување со прифатлива енергија во период на постепено одбивање на јаглен и нуклеарна енергија.
Гасоводот го гради конзорциум предвиден од рускиот гасен гигант Гаспром чии западни партнери се германските Унипер и Винтершал Деа од БАСФ, британско-холандскиот Шел, австрискиот ОМВ и францускиот Енге.
Завршувањето на проектот вклучува поставување цевки на потег од околу 150 километри, вклучувајќи 30 километри во германскиот економски појас и 120 километри во данските води. паг/